Нова рунда разговори за иранската нуклеарна програма

Средба на претставници на Иран и шесте светски сили во Виена

Претставници на Иран и шесте светски сили се собраа денеска во Виена за нова рунда разговори со цел да се постигне договор за нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на санкциите врз земјата. Двете страни треба да го постигнат конечниот договор до крајниот рок на 30 јуни. Дипломати соопштија дека бил направен напредок во разговорите со постигнувањето на рамковниот договор, но значајни прашања остануваат отворени.