Белата куќа: новиот извештај за убиството на Осама бин Ладен, неточен

Осма бин Ладен

Белата куќа го отфрли контроверзниот нов извештај во кој се наведува дека администрацијата на Барак Обама лажела за условите околу убиството на Осма бин Ладен во 2011 година. „Извештајот од новинарот Сејмур Херш кој пред два дена беше објавен во Лондон е полн со неточни и неосновани тврдења“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Нед Прајс. Херш пишува дека администрацијата тајно соработувала со претставници на пакистанската разузнавачка служба во убиството на бин Ладен и оти главните во пакистанската армија знаеле за мисијата и покрај нивните протести потоа. „Операцијата беше американска, а ние потоа ги информиравме пакистанските власти“, рече Прајс.