Франција повика на крај на ембаргото на САД врз Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика Соединетите држави да го прекинат над педесет годишното ембарго врз Куба, оценувајќи дека тоа го попречува развојот на таа земја. Со еднодневната посета на Хавана, Оланд стана првиот француски претседател кој престојувал на Куба откако таа стана независна. Тој предводеше делегација француски бизнисмени со цел зајакнување на економските врски меѓу двете земји. Пред пет месеци Вашингтон и Хавана декларираа затоплување на нивните односи. Оттогаш Куба ја имаат посетено претставници на Јапонија, Европската унија, Италија, Холандија и Русија.