Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен претпладне повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен претпладне повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степена.