Грција-Да надвладее воздржаност разум и дијалог

Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас изјави денеска дека земјата изразува жалење и сочувство до семејствата на жртвите во последната криза за која се надеваат дека ќе се докаже оти е изолиран феномен. Според него, сега треба да надвладее воздржаност, разум и дијалог. Тој посочува и дека за жал, оживувањето на тензиите во Македонија го потврдува она што во неколку наврати го кажувале дека земјата се соочува со сериозни проблеми во врска со функционирањето на владеењето на правото, почитувањето на човековите права, спроведување на меѓуетничкиот Охридски договор, почитувањето на принципот на добрососедски односи и недостаток на демократија во земјата.

Кутрас посочува и дека политичките лидери на Скопје треба да се завртат кон решавање на овие прашања, покажувајќи дух на самокритичност и консензус, наместо да бараат жртвено јагне, обвинувајќи ги другите за застојот на евроатлантската перспектива, која Грција искрено и цврсто ја поддржува.