Стабилна состојбата на членовите на безбедносните сили

Втор ден од полициската акција во Куманово.

Министерството за здравство соопшти дека здравствената состојба на 20 припадници на безбедносните сили на Македонија, кои се хоспитализирани на хируршките клиники во Скопје е стабилна. Според соопштението, во Градската општа болница „8 Септември“ се згрижени девет припадници на безбедносните сили на Македонија, при што сите се во добра здравствена состојба и се очекува во текот на денот најмалку двајца од нив да бидат пуштени на домашно лекување.