Претставници на странски мисии кај претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со амбасадорот на Соединетите држави Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција Омур Шолендил како НАТО контакт амбасадор. Во соопштението од Кабинетот на претседателот се наведува дека средбата ќе се одржи во 10 часот.