Оланд пристигна на Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд пристигна на Куба на разговори со неговиот домаќин, кубанскиот претседател Раул Кастро. Оланд е првиот француски лидер кој ја посетува Куба во последниве скоро 100 години. Тој е прв лидер на една западна земја кој е на Куба откако во декември лани Вашингтон и Хавана најавија повторно воспоставување на односите. Вчера Кастро во Ватикан се сретна со папата Франциско. Притоа тој изјави дека бил толку импресиониран од Папата што би можело и да и се врати на католичката вера. Кастро претходно беше во Москва на прославата на Денот на победата против фашизмот.