Во Полска ќе има втор круг претседателски избори

Бронислав Коморовски

Неофицијалните резултати во Полска сугерираат дека националистичкиот опозициски лидер Анджеј Дуда добил најмногу гласови во вчерашната прва рунда од претседателските избори. Сепак, тој не успеал да освои 50 насто од гласовите за да победи во првиот круг и ќе мора да се соочи во вториот круг на 24 мај со сегашниот претседател Бронислав Коморовски. Предизборните анкети покажуваа дека Коморовски имал уверлива предност пред Дуда.