Столтенберг: Сите да работат на смирување на состојбата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг испрати порака со сочувство до семејствата на загинатите и повредените во анти-терористичката операција на македонските безбедносни сили што изминатите два дена се случуваше во Куманово, јави МИА. „Важно е сите политички лидери и лидерите на заедниците да работат заедно за да се врати мирот и да се спроведе транспарентна истрага за да се утврди што се случило. Ги повикувам сите да се воздржат и да се избегнува понатамошна ескалација во интерес на земјата и на целиот регион“, наведува Столтенберг.