Обвинителство почна постапка за приведените во акцијата во Куманово

По полициската акција во Куманово за разбивање на терористичка група Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека по примената кривична пријава ги преземаат сите потребни истражни дејствија согласно закон и оти дополнително ќе ја известат јавноста за преземените дејствија, кои, како што се посочува во соопштението, во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.

Акцијата започна вчера рано изутрината. Во неа загинаа осуммина полицајци, а над триесет се повредени. МВР соопшти дека дел од припадниците на групата се приведени откако се предале на полицијата.