ГП Прешево-Табановце прооден

До Авто-мото сојузот на Македонија од изутрината македонски граѓани се пожалиле дека биле вратени од српската граница. Од АМСМ информираат дека нашиот граничен премин е прооден и оти макеоднските граѓани го поминуваат, но оти немаат информации за српскиот дел од границата.

На граничниот премин Прешево-Табановце помеѓу Србија и Македонија нема никаков застој, нема колони со возила и преминот е целосно прооден, објави Танјуг информација од нејзина екипа на терен.

Од Амбасадата на Србија во Скопје велат дека граничните премини се отворени за меѓународен и јавен сообраќај и оти немаат информација за враќање на македонски граѓани од граничните премини