Полска избира претседател

Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори на кои главен фаворити се актуелниот претседател Бронислав Коморовски и Анџеј Дуда. На изборите учествуваат вкупно 11 кандидати за претседател.

Коморовски е кандидат на Граѓанска платформа, партија на десниот центар, а негововиот најголем противник Анџеј Дуда е од партијата Пrаво и правда.

Според анкетата од 29 април за ТВ24, Коморовски има поддршка од 42 проценти од гласачите, што не е доволно за победа во првиот круг, додека Дуда има поддршка од 27 проценти од гласачите