Повредени од акцијата во Куманово пренесени во Ургентен центар

Тројца од четворицата полицајци, за кои има официјална информација дека се повредени во акцијата што почна рано изутрината за разбивање вооружена група во „Дива населба“ во Куманово, се префрлени на скопските клиники.

Дежурниот лекар во Кумановската болница Драган Тасевски претходно за МИА потврди дека тројца полицајци повредени од огнострелно оружје биле донесени во болницата и по укажаната прва помошсе префрленина скопските клиники. Еден полицаец со повреди на левата потколеница е задржан во кумановската болница. Од Скопската клиника засега нема официјални информации колку повредени се примени.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски апелира на разумност и истакнува дека МВР ги презема потребните активности согласно своите надлежности. Сите јавни претпријатија и капацитети на општината, како што рече, се ставенина располагање на полицијата за сузбивање на вооружената група во населбата која е со мултиетничко население.

Портпаролот на МВР Иво Котевски претходно изјави дека МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“. Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни.