Четворица полицајци повредени во Куманово

Четворица полицајци се повредени во акцијата што почна рано изутрината за разбивање на вооружена група во Куманово, потврдува за МИА, дежурнирт лекар во Кумановската Болница Драган Тасевски. Тој вели дека утринава во 5:15 часот тројца полицајци повредени од огнострелно оружје биле донесени во болницата и по укажаната прва помош се префрлени на скопските клиники. Еден полицаец со повреди на левата потколеница е задржан во кумановската болница.

Во Куманово во моментов е мирно и не се слушаат истрели. Градот повремено го надлетуваат хилихоптери, а низ улиците има засилено полициско присуство. За сообраќај се уште е блокиран дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“, како и улиците кои гравитираатво реонот околу „Поток серава“, „Дива населба“ и дел над зелениот пазар.Полициско обезбедување има пред СВР Куманово, болницата, како и на влезот во Куманово.

Портпаролот на МВР Иво Котевски претходно изјави дека МВР превзема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“. Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Повеќе информации се најавени во текот на денот.