Конзервативната партија на Камерон победник на изборите

Дејвид Камерон

Британската Конзервативна партија победи на изборите и освои мнозинство во Парламентот по вчерашните избори во земјата. Според речиси комплетно избројаните гласови партијата на премиерот Дејвид Камерон освоила 330 пратенички места со што ќе остане на власт и во наредните пет години. Камерон го поздрави резултатот и изјави дека тоа е најслатката победа во неговата кариера.

Победата на Камерон значи дека Британија ќе се соочи и со историски референдум до крајот на 2017 година за тоа дали земјата да остане во Европската унија или не. Главниот ривал на Камерон, Лабуристичката партија освои 25 места во Парламентот.