Порошенко-7000 цивили загинале во источна Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко му соопшти на Парламентот дека речиси 7000 цивили загинале за време на конфликтот во источна Украина и во борбите меѓу владините сили и проруските бунтовници. Според него, 1000 луѓе се уште се водат за непријавени. ОН претходно соопшти дека 6100 лица загинале. Според Порошенко и 1657 украински војници биле убиени во борбите.