Хеликоптер со странски амбасадори се урна во Пакистан

Најмалку шест лица, меѓу кои и двајца амбасадори загинале кога пакистански воен хеликоптер се урнал во северниот регион Гиглит Балтистан. Портпаролот на пакистанската војска Асим Бајва потврди дека загинале двајцата пилоти, како и амбасадорите на Филипини и Норвешка и сопругите на амбасадорите од Малезија и Индонезија. Амбасадорите на Полска и Холандија се меѓу повредените патници. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот и соопштија дека цел им бил друг хеликоптер во кој патувал премиерот Наваз Шариф.