Убиени 7 милитанти во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во американски напад со беспилотно летало загинале седум милитанти во близина на пакистанската граница во источната покраина Кунар. Според нив, целта на нападот била група милитанти кои оперирале во регионот во изминатата година. Во нападот загинал и лидерот на групата и неговиот син.