Саудиска Арабија понуди прекин на огнот во Јемен

Саудиска Арабија соопшти дека била подготвена на пет дневен прекин на огнот со цел да им се даде хуманитарна помош на милиони цивили кои страдаат во конфликтот во Јемен. Ова беше соопштено по разговорите на саудиски претставници со американскиот државен секретар Џон Кери во Ријад. Јеменските Хути бунтовници се уште не одговориле на понудата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија врши воздушни напади против јеменските бунтовници кои се поддржани од Иран.