Камерон останува на власт во Британија?

Дејвид Камерон

Британската конзервативна влада на премиерот Дејвид Камерон е на пат да остане на власт и во наредните пет години по изненадувачки добрите резултати на вчерашните избори. Излезните анкети предвидуваат дека Конзервативната партија добила 316 од 650 места во Долниот дом на парламентот. Тоа на Камерон му дава неколку можности да формира коалиција во која ќе бидат вклучени и сегашните партнери Либералдемократите. Победата на Камерон ќе значи дека Британија ќе се соочи со историски референдум до крајот на 2017 година за тоа дали да остане во Европската унија или не. Иако предизборните анкети предвидуваа тесна трка опозициската Лабуристичка партија, според проекциите, освоила само 239 места. Ова главно се должи на поразот на Лабуристите во Шкотска, каде што Националистите ги освоија скоро сите 59 места предвидени за Шкотска во Долниот дом.