Врховниот суд ја укина пресудата за Вранишковски

Јован Вранишковски

Врховниот суд ги укинал првостепената и второстепената одлука за случајот со расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски, како што наведуваат од Основниот суд Скопје 1. Според Врховниот суд при повторното постапување, првостепениот суд е должен повторно да ги изведе предложените докази, да ги отстрани противречностите, да даде јасно и непротивречно образложение за сторување на кривичното дело „Перење на пари“ за кое Вранишковски е огласен за виновен и осуден.

Со ваквото постапување, врз основа на правилно утврдена фактичка состојба, Судот да донесе правилна и законита одлука во поглед на постоење на кривична одговорност на осудените. Вранишковски беше обвинет и осуден за проневера на 250.000 евра. Во февруари беше пуштен од затвор со образложение за примерно поведение.