Ѓукановиќ-Приоритет членството во НАТО

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Берлин изјави дека приоритет на државната политика е добивање на покана за членство во НАТО. Тој порача и дека властите очекуваат поканата да ја добијат до крајот на годинава. Според него, земјата го избрала НАТО не за да биде против Русија или против кого било, туку поради тоа што ги дели вредностите на Алијансата.