Шешељ итно опериран

Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ

Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ утрината бил итно опериран. Од неговата партија не дадоа дополнителни информации и најавија дека во следните неколку дена ќе бидат соопштени деталите за неговата здравствена состојба. Во ноември минатата година Шешељ привремено беше ослободен од затворот на Хашкиот трибунал поради неговата влошена здравствена состојба. Шешељ боледува од рак на дебелото црево, а еднаш веќе беше опериран во болницата во Хаг.