Бомба на СДСМ- вистината за смртта на Никола Младенов

Доказите што ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање од јавноста на клучни информации, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција.

Доказите и аргументите, додаде тој, ќе покажат 10 причини зошто е неопходно да се спроведе вистинска истрага за смртта на Никола Младенов. Јавното обвинителство ја затвори смртта на Младенов како несреќен случај, како трагична сообрaќајна незгода, без да се поведе кривична постапка и отвори истрага. На прес конференција одржана во јули 2013 година, покрај причината за смртта, беа соопштени 6 клучни работи. Од доказите и разговорите кои денеска ќе ги објавиме ќе стане јасно дека сите овие 6 клучни работи се неточни, изјави лидерот на СДСМ на почетокот од објавувањето на 30-та таканаречена бомба на опозицијата.