Осум дена притвор за четворица демонстранти

Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија.

Осум дена притвор ќе добијат четворица учесници во завчерашните протести пред Владата, соопшти Основниот суд Скопје 1. Тие се осомничени за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Претходно од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека побарале мерка притвор поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.