Порошенко: можно влошување на конфликтот во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди од опасноста од ескалирање на состојбата во источниот дел на Украина. „Заканата од голема воена акција од руските терористички групи не само што останува и натаму, туку и постојано расте“, изјави тој на седница на Советот за национална безбедност. Според Порошенко, на териториите под контрола на бунтовниците имало над 40 илјади проруски борци, додека од руската страна на границата уште 50 илјади руски војници. Вчера во Минск за прв пат се сретнаа претставници на двете страни откако во февруари исто така во Минск постигнаа примирје. Тие меѓусебно се обвинуваат за нарушување на прекинот на огнот. Овој состанок беше оценет како сериозен чекор кон политичко решение на конфликтот.