Протести за Мартин Нешковски и во Битола

Започнаа и протестите во Битола на кои се бара одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. Протестите на Широк сокак, како што јавуваат нивни учесници се одвиваат мирно. Во меѓувреме во Скопје демонстрантите стигнаа пред зградата на Парламентот, откако полицијата не им дозволи пристап пред Владата.