Полицијата не дозволува да се „припари“ до владата

Протест против полициската бруталност во Скопје. Фото: @godovic

Полициски кордон ги обиколи стотината демонстранти кои и денеска се собраа пред зградата на владата со барање одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје и не им дозволи воопшто да се приближат до владината зграда. Демонстрантите беа обиколени од полицискиот кордон на коловозната лента подалеку од владата, односно на онаа која води кон Мостот Гоце Делчев. За разлика од вчера кога протестите ескалираа во судири на полицијата и демонстрантите, денеска е забележано значително поголемо полициско присуство пред владината зграда. Демонстрантите, кои извикуваат „нема правда, нема мир“, сега се опколени на крстосницата кај владата. Тие се жалат дека полицијата не им дозволува да си го остварат правото на слободно движење.