Груевски-Злоупотребен обидот за прием на мајката на Нешковски

Демонстрантите во дворот на Владата.

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека биле информирани оти мајката и братот на Мартин Нешковски побарале средба во Владата, при што веднаш донеле одлука тие да бидат примени и заради таа одлука Министерката за внатрешни работи издала наредба на командирот да ја отвори заштитни шипка за да може мајката да влезе. Според него, тоа било злоупотребено од другите, затоа што толпа народ влегла во дворот на Владата и се растурила целата ситуација. Груевски во изјава за Канал 5 порача и дека мајката на Нешковски побарала да биде примена во Владата во присуство на новинари, активисти на невладини организации, демонстранти, што укажува на други задни намери.