Брет изрази загриженост за насилството на протестите

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет, изрази загриженост во врска со вчерашните протести пред зградата на Владата. Според Брет, правото на мирно собирање и протест е уставно загарантирано право на сите граѓани во земјата и таквите протести не треба да бидат проследени со насилство.

Тој порачува дека секој граѓанин треба да биде во можност да го искаже своето мислење и тоа треба да го направи на мирен и одговорен начин, а безбедносните сили треба да бидат во можност да ја вршат својата работа и да го одржуваат јавниот ред и безбедноста. Меѓутоа, полицијата треба да дејствува на професионален и на соодветен начин, со целосно почитување на индивидуалните права на учесниците на протестот. Брет ги повикува и властите и политичките актери, како и граѓаните, да покажат зрелост, да се однесуваат одговорно и да се воздржат од насилство.