Грција му исплати на ММФ 200 милиони евра

Грција денеска успеа да го запази рокот за исплата на кредитот од 200 милиони евра на ММФ. Но грчките власти сега се соочуваат со нов рок кога во наредната недела, односно до 12 мај треба да му исплатат дополнителни 750 милиони евра на ММФ. На властите им се намалуваат опциите за прибирање средства за исплата на меѓународните кредитори и за обезбедување на пензиите и платите на државните службеници. Доколку Грција не успее да го врати долгот може да си го загрози членството во еврозоната.