Лавров: ЕУ не сака одржување на примирјето во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров обвини дека, како што рече, „некој во Европската унија се обидува да обезбеди неуспех на примирјето во источна Украина“. Ова тој го изјави пред денешниот итен состанок на претставници на Русија, Украина и ОБСЕ во Минск на кој треба да се разговара за спроведување на примирјето договорено исто така во Минск на 12 февруари годинава. Лавров ја обвини Европската унија дека ги затворала очите за нападите во кои биле убиени цивили во источна Украина. Тој додаде дека била забележана зголемена воена активност на украинските сили во изминативе недели. Во исто време официјален Киев ги обвини проруските сепаратисти дека се вооружувале и се подготвувале за натамошни напади.