Белата куќа: прерано е ИД да се поврзува со нападот во Тексас

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст

Белата куќа соопшти дека било прерано да се поврзат милитантите на Исламската држава со нападот во Тексас чија цел на вооружените лица бил натпреварот на карикатури на Пророкот Мухамед. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека нападот од двете лица кои потоа биле убиени се уште бил под истрага. Милитантите на Исламската држава претходно ја презедоа одговорноста за нападот наведувајќи дека тој бил изведен од „двајца војници на калифатот“.