Полицијата ги истуркува демонстрантите од владиниот двор

Полицијата се обидува да ја истурка толпата којa протестира во дворот на Владата да протестираа на улицата пред владината зграда. Насобраниот народ се опира на таквиот обид, тие маваат со штитовите на полицајците со стапови и со голи раце. Протестот за Мартин Нешкоски пред Влада започна во 18 часот. Демонстрантите кратко по почетокот на протестот ја преминаа заштитната ограда околу зградата на Владата и протестираа во владиниот двор поради, потврдените прикривања и местенки на власта за убиството на младиот Мартин Нешкоски, во јуни 2011 година.