Над илјада граѓани на протестите за Мартин Нешковски

Macedonia-Protest for Martin Neshkovski

Над илјада граѓани денеска протестираат пред владата по објавувањето на прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски од таканаречената 28 бомба на опозицијата. Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мотото протест за прикривањата и местенките на убиството на Мартин и стоп за бруталната влада. Демонстрантите извикуваат убијци, уа и се пуштаат аудио снимките. Како што јавува нашиот репортер има и тензии меѓу полицијата и демонстрантите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави аудио снимки во кои, според нив, се слуша како власта се обидува да го прикрие убиството на Нешковски.Тој беше убиен пред четири години на плоштадот Македонија за време на прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите.