Бомбашки напад во Ирак, 6 жртви

Бомбашкиот напад во Багдад

Ирачката полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба во Багдад во седиштето на шиитската милитија која се бори против милитантите на Исламската држава загинале најмалку 6 цивили, а 13 биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот. Ова е втор напад во истиот реон, каде на трети мај загинаа 15 лица во бомбашки напад пред влезот на преполн ресторан.