Кери во посета на Сомалија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Сомалија на ненајавена посета на земјата, која се обидува да се обнови по дводецениската војна и години на борби со милитантите на Ал Шабаб. Кери за прв пат е во посета на Сомалија, каде ќе се сретне со претседателот Хасан Шеик Мухамуд, премиерот, локални лидери и граѓански организации.