ИД одговорна за нападот во Далас

Евакуација на учесниците во натпреварот по престрелката во близина на Далас.

Милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападот, која како што соопштија им е прв на американска почва за време на одржувањето на натпреварот на карикатури на пророкот Мухамед во близина на Далас во Тексас. Според милитантите, двајцата напаѓачи биле припадници на Исламската држава. Напаѓачите, Елтон Симпсон и неговиот цимер и соучесник Надир Софи беа убиени во престрелката со полицијата.