Во Литванија уапсен Русин под сомневање за шпионажа

Вилнус

Литванското обвинителство соопшти дека бил уапсен еден руски државјанин под сомневање дека шпионирал. Се прецизира дека лицето како агент на руската разузнавачка агенција успеал да се инфилтрира во владините институции и во разузнавачките служби на Литванија. Доколку сомневањата се покажат за вистините тој би можел да биде осуден на 15 години затвор. Ова е четврти случај за помалку од една година на апсење на лица во Литванија под сомневање дека шпионирале за Русија или за Белорусија.