Британија-Принцезата ќе се вика Шарлот Елизабет Дијана

Принцот Вилијам со неговата сопруга Кејт и нивната ќерка.

Претставници на кралското британско семејство соопштија дека новата принцеза ќе се вика Шарлот Елизабет Дијана. Принцезата е второ дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, војвотката од Кембриџ. Бебето ќе биде познато како нејзиното височество принцезата Шарлот од Кембриџ.

Шарлот е всушност женската верзија на името на нејзиниот дедо принцот Чарлс. Средните имиња се во чест на кралицата Елизабета, која е нејзина прабаба и на мајката на Вилијам, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа. Принцезата е четврта по ред за наследник на кралскиот трон.