Двајца украински војници загинале во Луханск

Двајца украински војници загинале, а тројца биле повредени во експлозија на мина во источниот регион Луханск. Локалните власти соопштија дека возилото во кое се превезувале војниците налетало на мини во близина на селото Јекатеринивка. Луханск е под контрола на проруските бунтовници кои се борат со владините сили во источна Украина.