Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 112 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод државни и градски делегации ќе положат цвеќиња на неговиот гроб во црквата Св. Спас и на споменикот во Градскиот парк. Во македонското Собрание, пак, ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.