Двајца загинати во судири во еден затвор во Грција

Двајца затвореници загинале, а најмалку дваесет биле ранети во судирите што избувнале во затворот Кордалос во западното предградие на Атина, јави грчката полиција. Според некои информации од грчкото обвинителство, во овој затвор се судриле две групи затвореници од различна националност, главно од албанска и од пакистанска. Затворениците имале импровизирани оружја. Не се знае причината зошто дошло до судирите.