Кери ја осуди „хистеријата“ против договор со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери ја осуди, како што рече, хистеријата околу договорот за иранската нуклеарна програма.

„Има многу хистерија во врска со договорот меѓу светските сили и Иран. Луѓе навистина треба да ги погледнеме фактите“, изјави Кери за израелската приватна телевизија Канал 10.

Тој рече дека конечен договор на неопределено време ќе обезбеди пристап до иранските нуклеарни објекти.

„Ние ќе имаме инспектори таму секој ден. Тоа не е десетгодишен договор, тоа е договор е засекогаш“, изјави Кери.

Минатиот месец, Иран и светските сили постигнаа рамковен договор. ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Иран ги негира обвинувањата дека се обидува да произведе нуклеарно оружје.