Груевски доби четврти мандат да ја води партијата

Актуелниот лидер и премиер Никола Груевски доби нов четиригодишен мандат да ја предводи партијата.

Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, за избор на претседател гласале 529, од кои 528 за Никола Груевски, а едно ливче е неважечко.

Овој е четврти четиригодишен мандат за премиерот Груевски кој првиот мандат од кога ја предводи партијата го доби на Конгресот во Охрид во 2003 година кога противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.