Илјадници луѓе на победнички митинг во Балтимор

Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Балтимор, на, како што го нарекоа организаторите, „победнички митинг“, еден ден откако шестмина полицајци беа обвинети за смртта на 25-годишен црнец кој почина во притвор. Демонстрациите биле мирни, за разлика од насилните протести на 27 април кога гувернерот ја повика Националната гарда да ја стави ситуацијата под контрола. Обвинителот од Балтимор вчера обвини шестмина полицајци вклучени во апсењето на починатиот црнец на 12 април.