Владејачката ВМРО-ДПМНЕ (ре)избира лидер

ВМРО-ДПМНЕ денеска го продоложува 15 Конгрес на партијата што се одржува во Куманово. На него учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат претседател на партијата за следниот четиригодишен мандат.

Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура се потпишаа интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.

Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата.

Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.