Војвотката од Кембриџ Кејт роди девојче

Кралскиот гласник објавува за раѓањето на ќерката на Кејт и Вилијам.

Војвотката од Кембриџ Кејт роди девојче, соопштија од кралското семејство во Велика Британија. Бебето се родило утрово, а и мајката и бебето се добро. Новороденото бебе е четврто на листата за наследник на британскиот престол и петто правнуче на кралицата Елизабета Втора.

Кејт и принцот Вилијам се венчаа во април 2011 година, а нивното прво дете, принцот Џорџ се роди во јули 2013 година. Не се очекува веднаш да биде соопштено името на новороденчето, оти и за првото бебе, принцот Џорџ, се чекаше два дена пред да се објави неговото име.