Тачи-Србија да се извини за жртвите од војната во Косово

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи бара од Србија да се извини за жртвите од војната во неговата земја во 90-тите години. Тојја порача и дека има намера да поднесе тужба за геноцид против српската држава и упати критика до Белград поради откажувањето на неговата планирана посета на земјата. Во интервју за виенскиот весник „Стандарт“, Тачи истакна дека повеќе од 100 косовски Албанци, кои живеат во САД и Европа, планираат да побараат воено обештетување од Србија.